Европа мора да го одржи зборот за проширувањето

21.08.2026 21:39

Ексклузивно интервју за Македонската телевизија - чешкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Петр Мацинка за македонскиот пат кон Европската Унија. Европа мора да им гарантира на земјите-кандидати дека, кога ќе ги исполнат условите, ќе следува членство. Чешка е подготвена да помогне и во спорот со Бугарија. За проширувањето, новите услови и за тоа каде е Македонија на европскиот пат - Мацинка во интервју за МТВ. Со него разговараше Катерина Топалова.