Култура

„Имерзивна трансформација на глаголицата“ – изложба на Лазе Трипков во МСУ

24.08.2026 20:39

Изложбата ја опфаќа трансформацијата на глаголицата преку традиционален печатен плакат, тродимензионални објекти и видеоанимации, па сè до интерактивна и имерзивна дигитална средина.

„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата на дизајнерот и уметник Лазе Трипков, поставена во Музејот на современата уметност во Скопје. Проектот за првпат во Скопје е претставен во целосен обем, комбинирајќи традиционални и современи уметнички форми.

Изложбата ја опфаќа трансформацијата на глаголицата преку традиционален печатен плакат, тродимензионални објекти и видеоанимации, па сè до интерактивна и имерзивна дигитална средина.

Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова од Чешка, а ко-куратор е Владимир Јанчевски од МСУ.

Изложбата е отворена за посетителите до 5 септември 2026 година, а се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.