МВР
Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица
28.08.2026 14:06
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави...

Вчера полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РСМ.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
