Влада

Запрена постапката за промена на сопствеништвото на една телевизија и едно радио

28.08.2026 19:41

Во врска со наводите изнесени од СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, од Владата информираат дека Управата за финансиска полиција постапува, а Агенцијата за медиуми ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио...

Во врска со наводите изнесени од СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, од Владата информираат дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои биле изнесени во јавноста, а Агенцијата за медиуми, врз основа на постапувањето на институциите, ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио.

„Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги преземаат потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности, постапуваат професионално и согласно закон, со цел да се заштити јавниот интерес и интересите на граѓаните“, велат од Владата и апелираат да не се настапува со непроверени и невистинити информации.