Временска прогноза
Сончево и топло, во одредени делови со пороен дожд и грмежи
29.08.2026 09:08
Од УХМР информираат дека локално можно е невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР информираат дека локално можно е невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
