Стандард

Минималецот помеѓу политичките желби и економските можности

30.08.2026 20:04

Во период на зголемени животни трошоци, лидерот на опозицијата најави дека СДСМ во септември ќе поднесе во Собранието предлог-закон за 600 евра минимална плата и раст на платите во повеќе сектори. Став на бизнис заедницата – минималната плата да не се користи за политички поени. ССМ со порака дека ако сакаме да ги задржиме работниците, минималната плата мора да се зголеми.

Македонија ги следи европските директиви според кои минималната плата не смее да биде пониска од половина од просечната плата која во јуни изнесуваше 48.300 денари. Во март се изврши редовно усогласување, дополнително зголемување на минималната плата немаше. Просечната плата бележи раст.

Македонските работници се меѓу најниско платените во Европа и на Балканот. Платите не го следат растот на трошоците за живот, посочуваат од ССМ.

„Македонија ризикува да остане земја со евтина работна сила, наместо земја со добро платен и ценет труд. За жал, на овие аргументи немаа доволно слух ниту работодавачите, ниту власта. Ако сакаме да ги задржиме работниците во Македонија, мора да им понудиме плати и услови за работа поради кои ќе имаат причина да останат. Македонија не смее да има економија чија најголема конкурентска предност е евтиниот труд“, велат од ССМ.

Став на Бизнис конфедерацијата – повисоки плати да, но не со политичка одлука, туку со економски раст.

До крајот на годината се очекува нов Закон за работни односи кој треба да понуди дополнување на моделот за усогласување на минималната плата.

Славица Величковска