САД
Две жртви по поплавите во Гранд Кањонот
01.09.2026 10:48
Бројот на загинати во ненадејните поплави во Гранд Кањонот во Аризона се искачи на двајца. По едно лице и натаму се трага ...

Бројот на загинати во ненадејните поплави во Гранд Кањонот во Аризона се искачи на двајца. По едно лице и натаму се трага а околу 80 се спасени и евакуирани. Поплавите сериозно го оштетија водоводниот систем, поради што се воведени итни ограничувања за користење на водата.
„Имавме околу 82 лица заглавени во кањонот. Благодарение на спасувачките тимови и воздушната поддршка, повеќето беа евакуирани. Во моментов имаме две жртви и едно лице по кое сè уште се трага“, изјави Дејв Блек – командант на спасувачката операција.
