Пренамената и несоодветните материјали влијаеле врз безбедноста на „Пулс“
Пренамената на објектот, реорганизацијата на просторот, промена на електричната и водоводната канализација, вградувањето на несоодветните материјали непосредно влијаело врз исполнувањето на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“-истакна вештакот Марковски ...

Пренамената на објектот, реорганизацијата на просторот, промена на електричната и водоводната канализација, вградувањето на несоодветните материјали непосредно влијаело врз исполнувањето на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“-истакна вештакот и професор Горан Марковски одговарајќи на вкрстените прашања на обвинителите.
„Согласно законот за градење надлежните органи морало да реагираат на незаконските зафати, но таквата реакција изостанала се до 16 и 18 март 2025 година“ – посочи Марковски.
Според вештакот, градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба. Родителите на жртвите со став – инспекторите ги знаеле своите обврски, но свесно одлучиле да не постапат според законот.
Во несреќата во Кочани загинаа 63 лица и над 200 беа повредени.
Марина Стојанова-Тонева
