Здравство

Епидемиолошката слика се менува, но опасноста од западнонилска треска сè уште е присутна

01.09.2026 15:43

Во последната недела од август на Инфективната клиника се хоспитализирани пет пациенти, што е помалку од претходниот период, но надлежните велат дека сè уште е рано за опуштање.

Епидемиолошката слика на западнонилската треска се менува. Новите случаи се на североисток од метрополата. Град Скопје и општините се известени, треба се дејствува на терен. Трет гавран позитивен на западнонилска треска е пронајден во скопски Карпош, кај Драмскиот театар.

Последната недела од август на Инфективната клиника хоспитализирани се петмина. Бројот на неделно ниво се намалува, за разлика од пред 24 август кога неделно на болничко лекување останувале од 9 до 11 пациенти, но рано е да се каже дека опасноста завршила.

Во статистиката на надлежните сезонава се евидентирани 55 со западнонилска треска. Триесетина се излекувани, а болничкиот третман траел од 8 дена до еден месец.

Сезонава шестмина пациенти на возраст од 62 до 83 години починаа од убод на инфициран комарец.

Наташа Јанчиќ-Менковски