Сончево и топло, попладне можни невреме и град
Температурите денеска ќе достигнат до 35 степени, но во попладневните часови на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат проследени со силно невреме и град.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекува невремето да биде поинтензивно со силен ветер, обилен дожд и град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а максималната од 30 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Температурата ќе достигне до 35 степени.
Во наредните денови времето ќе биде сончево и многу топло, со попладневна нестабилност и услови за невреме. До почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време. Во четврток и петок се очекува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.
