47. Издание на фестивалот за филм „Браќа Манаки“
„Ткајачи на филм' е тематиката за визуелниот идентитет на 47–то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ги носи најголемите светските филмски остварувања во Битола. Шест дена проекција на кратки и долгометражни филмови, документарци од земјата, регионот и светската кинематографија.

„Ткајачи на филм“ е тематиката за визуелниот идентитет на 47–то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ги носи најголемите светските филмски остварувања во Битола. Шест дена проекција на кратки и долгометражни филмови, документарци од земјата, регионот и светската кинематографија. Организаторите најавуваат реномирани светски кинематографери и разговори за деликатесите на седмата уметност.Организаторите најавуваат дружење со реномирани светски кинематографери и разговори за деликатесите на седмата уметност.
Фестивалот традиционално вклучува повеќе од пет натпреварувачки програми и е познат по доделувањето на престижните награди „Камера 300 и почесни признанија како Златна камера 300 за животно дело, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија.
„Браќа Манаки“ е препознатлив бренд на светската филмска сцена и годинава ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември.
Александра Спировска
