Борба со пожарите

02.09.2026 14:09

Македонија повторно во огнен обрач – над 40 пожари на отворено, а пламените веќе се закануваат и на железничкиот сообраќај.

Не се намалува бројот на пожари во Македонија. За два дена се регистрирани над 40, дел и натаму се активни. Се разгоре огнената стихија кај штипско Селце и Букче, подметнат пожар повторно има во Студеничани, а тежок пожар ноќеска навлезе во Македонија од косовска страна на потегот кон село Грачани.

Огнената линија е долга над пет километри. Поради пожар кај Мариово запрен е железничкиот сообраќај кон Битола. Дел од жариштата се гаснат, други се појавуваат.

Во изминатото деноноќие изгаснати се 30 пожари, по 72 часа изгаснат е најголемиот пожар годинава во подножјето на националниот парк „Пелистер“.

 

Ирина Гелевска