Статистика

БДП порасна за 4,3 отсто во второто тримесечје од 2026 година

03.09.2026 12:29

Економскиот раст во вториот квартал е поддржан од градежништвото, инвестициите и растот на финалната потрошувачка.

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година бележи раст од 4,3 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем раст е забележан во секторот градежништво, каде што активноста е зголемена за 21,9 отсто. Раст од 5,1 отсто е регистриран и во секторите уметност, забава и рекреација, други услужни дејности и дејности на домаќинствата.

Финалната потрошувачка во второто тримесечје номинално пораснала за 7 отсто, со учество од 83,2 отсто во структурата на БДП.

Раст бележат и бруто-инвестициите, кои номинално се зголемиле за 14,5 отсто, главно како резултат на порастот на инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, растот на БДП во второто тримесечје од 2026 година изнесува 4 отсто во однос на истиот квартал од 2025 година.