МВР

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

03.09.2026 20:31

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Вчера во 22:55 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.М.(48) од Струмица, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.