Двајца работници спасени од тунел во Непал девет дена по катастрофалните поплави
Надеж за преживеани се појави во Непал девет дена по катастрофалните поплави, откако спасувачите извлекле две лица од тунел поврзан со хидроцентрала. Во исто време, повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Надеж за преживеани се појави во Непал девет дена по катастрофалните поплави, откако спасувачите извлекле две лица од тунел поврзан со хидроцентрала. Во исто време, повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Во потрагата се вклучени повеќе од 500 инженери, а потрагата е исклучително тешка бидејќи поплавите значително го промениле теренот, а во тунелите навлегле големи количества кал, камења и друг наносен материјал.
Во катастрофалните поплави, загинале повеќе од 1.200 луѓе, додека над 4.000 сè уште се водат како исчезнати. Природната катастрофа уништи и околу 10 отсто од производствените капацитети за електрична енергија во Непал.
