Венс: Нема временска рамка за крај на конфликтот со Иран, ниту за поевтин бензин
Европскиот природен гас се движи кон четиринеделен пораст, бидејќи новите борби на Блискиот Исток ја зголеми загриженоста за продолжените прекини во снабдувањето и зимските залихи на горивото. Цените на природниот гас во Европа и Азија се искачија на највисоко ниво. И нафтата се движи кон најголем неделен раст од јули. Аериканскиот потпретседател, Венс, изјави дека не може да даде временска рамка за завршување на конфликтот со Иран, ниту да каже кога цените на бензинот ќе се вратат на нивото од пред војната.

Европскиот природен гас се движи кон четиринеделен пораст, бидејќи новите борби на Блискиот Исток ја зголеми загриженоста за продолжените прекини во снабдувањето и зимските залихи на горивото.
Цените на природниот гас во Европа и Азија се искачија на највисоко ниво за повеќе од три години во последните денови, бидејќи САД и Иран ги интензивираа воените напади „око за око“ по период на релативен мир. Европа е под притисок да ги надополни залихите на гас со брзото приближување на грејната сезона.
И нафтата се движи кон најголем неделен раст од јули. Суровата нафта брент е во пораст од речиси 60 отсто оваа година, а малопродажните цени на индустриското гориво во САД оваа недела го достигнаа највисокото ниво од средината на 2022 година, додека резервите во Европа се значително под сезонските нивоа.
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека не може да даде временска рамка за завршување на конфликтот со Иран, ниту да каже кога цените на бензинот ќе се вратат на нивото од пред војната. Сегашните непријателства не треба ни да се нарекуваат војна, тврдеше Венс, бидејќи активните борбени операции завршија пред неколку месеци.
Во вторник, САД спроведоа повеќестрана операција, погодувајќи речиси 60 воени цели околу теснецот, вклучувајќи локации за воздушна одбрана, радарски системи, поморски средства, капацитети за поставување мини и комуникациски локации, додека истовремено ги придружуваа бродовите низ водниот пат.
Непопуларната војна предизвика пораст на цените на бензинот, предизвикувајќи вознемиреност кај републиканците кои сакаат да го одржат мнозинството во конгресот.
