Здравство

Два нови позитивни случаи на западнонилска треска

05.09.2026 13:30

Сите се од машки пол на возраст од 62 до 83 години, кај 5-мина се регистрирани и други заболувања...

Од анализите на 4 сомнителни случаи на западно – нилска треска, два се позитивни, информираат од Институтот за јавно здравје. Досега во Македонија се потврдени 56 заразени со вирусот западен нил, 8 мина се хоспитализирани, 40 оздравени, а 7 лица починале. Сите се од машки пол на возраст од 62 до 83 години, кај 5-мина се регистрирани и други заболувања.

Најмногу случаи се пријавени во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.