Портокалова фаза

06.09.2026 16:01

Цела Македонија обоена во портокалово. Горештините ќе траат до среда, најави УХМР. Училиштата го добија Протоколот за настава на високи температури. Насоките се јасни, не се очекуваат проблеми...

Температурата деновиве ќе биде за два степена над просекот за овој период од годината.

Од Министерството за образование и наука за МТВ велат дека училиштата веќе го имаат Протоколот за настава во услови на топлотен бран. Во него стои дека часовите треба да траат по 20 минути. Наставата треба да биде од 7:30 да заврши во 12.30 ч. Активностите на отворено да се одвиваат до 11 часот. Да се мери амбиенталната температура на неколку места во училиштето. Наставниците да ги потсетуваат учениците да пијат вода.

Училиштата треба да ги известат родителите како ќе се одвива образовниот процес.

Наташа Јанчиќ Менковски