Впечатлива статистика на Гечевски и на МЗТ, по првиот АБА круг
24.12.2013 16:15
Тодор Гечевски е главниот столб на македонскиот шампион во АБА Лигата, во секој поглед, па и статистички. Троши малку топки, со незаменлив ефект.
Тодор Гечевски е главниот столб на македонскиот шампион во АБА Лигата, во секој поглед, па и статистички. Троши малку топки, со незаменлив ефект.
Центарот на Аеродромци има висок индекс на корисност, а е на залезот на кариерата. Во моментов, по завршувањето на првиот круг од тековната сезона, 36 годишниот кавадарчанец котира на 8-та позиција на МВП табелата. Највозрасен е во конкуренцијата што ја предводи 12 години помладиот Вили Ворен од Солнок, а само уште две години помладиот Ратко Варда, на 10-та позиција, е роден под 83-та. Акумулираните индекс бодови, се уште го прават Гечевски најдобар во историјата на регионалната лига, што постои од 2001-та.
Тоше е втор изведувач на слободни и 6-ти блокер. Со Синовец на третата и Дамјан Стојановски на 5-та, МЗТ има најмногу шутери од правата линија, во топ 10. Дејвис котира на третата позиција кај тројкашите, а Чековски е 9-ти според спречените шутеви.
МЗТ Скопје е лидер по блокади и според украдени топки, а што е дополнително позитивно, е во долниот дел на ранкингот според загубени топки. Слободните се втората најсилна статистичка страна на Аеродромци, само Задар е пред нив. Радува и 5-то место според асистенциите.
Долу е во скок играта, што минатата година беше најголемиот адут. Вкупно на 13-та позиција, на истата според дефанзивните, а на 11-та според офанзивните. Вкупниот МВП ранкинг, го позиционира МЗТ на 5-то место. Истото го држи кај тимовите со најмногу поени по натпревар и во вкупната реализација од поле, место погоре е за 2, а на 8-та позиција за 3 поени.
Бранко Чупески