Германија: АФД со убедливо водство
Сè уште не е јасно дали АфД има доволно мандати за самостојно формирање влада. Победата е сериозен удар за конзервативците на канцеларот Мерц, додека главните партии и натаму одбиваат коалиција со АфД.

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија освои околу 44 насто од гласовите на регионалните избори во Саксонија-Анхалт, покажуваат излезните анкети. Сè уште не е јасно дали АфД има доволно мандати за самостојно формирање влада. Победата е сериозен удар за конзервативците на канцеларот Мерц, додека главните партии и натаму одбиваат коалиција со АфД. Лидерот на партијата во покраината Улрих Зигмунд резултатот го оцени како „историски“ и порача дека граѓаните побарале политички промени.
„Со многу јасна разлика – над 44 отсто – граѓаните гласаа за политички промени. Сега, по изборите, тие конечно треба да го добијат она за што гласаа – политики кои се во интерес на нашата земја и нашиот народ. Тоа е клучно и мора да се спроведе“, изјави Улрих Зигмунд, носител на листата на АфД во Саксонија-Анхалт.
