Прва пленарна седница по летната пауза, се чекаат реформските закони
Спикерот Гаши на редовна координација со координаторите на пратеничките групи за планираните активности и работата на законодавниот дом месецов. По летните одмори, првата пленарка се одржа на втори, а уште една е закажана за 11-ти септември, со можност да бидат закажани уште една или две седници.

Во Собранието, спикерот Гаши на редовна координација со координаторите на пратеничките групи за планираните активности и работата на законодавниот дом месецов. По летните одмори, првата пленарка се одржа на втори, а уште една е закажана за 11-ти септември, со можност да бидат закажани уште една или две седници.
Пратеничките прашања ќе се одржат во последниот четврток од месецот. Од владата се чекаат законските решенија кои произлегуваат од реформската агенда.
Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за усвојување на законите за кои е потребен Бадентер.
