Македонија

По повод 8 Септември, почесна артилериска стрелба во касарната „Илинден“

07.09.2026 09:29

Од Армијата информираат дека почесната стрелба ќе ја изведе единицата на Артилерискиот баталјон со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Почесна артилериска стрелба ќе се изврши денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста. Стрелбата ќе започне во 19 часот, а претходно, во 18 часот, ќе биде извршена пробна стрелба.

Од Армијата информираат дека почесната стрелба ќе ја изведе единицата на Артилерискиот баталјон со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Пробната артилериска стрелба ќе биде извршена во 18 часот, со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија.

Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата по повод државниот празник – 8 Септември, Денот на независноста.