УХМР со најава за нестабилно време во среда и четврток
Сончево и топло време со локална облачност ќе преовладува во среда и четврток претпладне, но попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите може да прераснат во невреме со интензивен дожд, силен ветер и град. Услови за локална нестабилност ќе има и до крајот на седмицата.

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Попладне, на места се очекува развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите може да имаат форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на седмицата на места ќе има услови за локална нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
