Струмица ја слави актерската игра преку фестивал посветен на Ристо Шишков
По повод празникот на независноста во Струмица секоја година започнува фестивал посветен на актерската игра. Вкупно 40 актери ќе се докажуваат во 10 претстави за единствената фестивалска награда а тоа е наградата за високи актерски достигнувања Ристо Шишков.

Вкупно 40 актери од земјава но и од Бугарија и Србија ќе бидат во конкуренција за единствената награда на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица награда за најдобро актерско остварување. Ќе бидат одиграни 10 претстави селектирани од режисерот Љупчо Ѓеоргиевски.
Станува збор за фестивал на актерската игра кој претставува императив и за многу млади актери и независни копродукции.
Фестивалската завеса се крева вечерва со претставата УННА од „Ѕвездара театар“ од Белград Србија во режија на Дејан Пројковски.
Ване Трајков
