ПМФЛ

Брегалница го смени Кузманов по шест одиграни кола

08.09.2026 11:22

По само шест кола во елитното домашно фудбалско првенство следува и втората тренерска смена.

Никола Кузманов повеќе нема да биде тренер на Брегалница. По само шест првенствени кола, „сино-белите“ од Штип одлучија да ја прекинат соработката со Кузманов. Заедно со него, разрешени се и останатите членови на стручниот штаб на екипата која неодамна се врати во елитата на македонскиот фудбал.
 
Причина за ваквата одлука се резултатите во последните четири кола, во кои Брегалница забележа три порази и едно реми.
 
Последниот пораз од 1:0 на домашен терен од Шкендија Арачиново ја прели чашата, па Брегалница во следните денови ќе добие нов тренер.
 
Така, по Аргентинецот Кристијан Фабијани, Кузманов е само вториот тренер кој е сменет по шест одиграни кола.