Пет години од пожарот во модуларната болница во Тетово
Денеска навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово. Загинаа 14 лица, десетина беа повредени.

На 8 Септември ја славиме независноста, но и сеќаваме на една од поголемите трагедии што ја погодиле Македонија. Денеска навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово. Загинаа 14 лица, десетина беа повредени.
12 од жртвите беа пациенти кои се лекуваа од коронавирусот, двајца нивни роднини. Во правниот процес што следуваше, директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми беа осудени на три години казна затвор за тешки дела против општата сигурност, а болницата беше казнета со 1,3 милиони денари.
Изминатиот месец, пак, Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за јавните набавки поврзани со изградбата на 19-те модуларни болници во Македонија.
