Генерација на Македонија

08.09.2026 13:13

Родени со независноста на Македонија, денес на прагот на зрелоста, едни својата иднина ја градат дома, други ја бараат во странство...

Со првиот здив во независна татковина, штотуку родени во плач, ја будеа нацијата дека на овој свет доаѓа генерацијата врсник на суверена, самостојна Македонија. Не паметат можеби за првиот парламентарен состав, воведувањето на македонскиот денар, формирањето на армијата, етаблирањето на државата. Но доживеале падови и исправања, напредок и застој. Иако со ист почеток, исто детство и младост, Никола и Бојан направија различен избор. Бојан замина во туѓина, Никола, пак, остана во роднината.

Од Германија со носталгија ни праќа поздрави Бојан. Неговите причини се поинакви, но вели дека се оправдани.

Никола и Бојан растеа заедно со својата земја и во време на празни фабрички хали во транзиција, економски кризи, промени, надежи и разочарувања. Ја живееја 2001-та, го дочекаа членството во НАТО, но не и во ЕУ. Здравството, образованието да се подобруваат, корупцијата и влијанијата да исчезнат. Таква Македонија сакаат да видат што поскоро.

Нашите соговорници заминаа на своите работни места, нам ни ја оставија пораката дека има надеж за Македонија. Таа се соочува со големи предизвици, но решенијата мора да бидат мудри и корисни пред сè за генерациите што доаѓаат.

Фиљана Кока