Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и на вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, на Градските гробишта во Бутел – Скопје.

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и на вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, на Градските гробишта во Бутел – Скопје.
Во рамки на настанот, во организација на Кабинетот на претседателката, свежо цвеќе положија и собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, владина делегација предводена од министерката за образование и наука, Весна Јаневска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, на судската власт, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор и семејството Кљусеви.
