МВР

15-годишен битолчанец спаси бугарско семејство од давење во Грција

09.09.2026 20:01

Драма на море во близина на Олимпијада, Грција, која можела да заврши трагично. Тричлено бугарско семејство се борело со силните бранови, а од давење ги спасил 15-годишниот битолчанец Михаил, кој без двоумење влегол во морето и започнал спасувачка акција.

Борба за живот се водела во морето крај плажата во Олимпијада, Грција кога во тек на вчерашниот ден тричлено бугарско семејство очајно се борело со разбеснетите морски бранови. Од давење ги спасил петнаесет годишниот битолчанец Михаил којшто летува на истото место.

Очевидци велат дека сè се случило наеднаш и многу брзо. А додека останати туристи збунето ги гледале давениците, ова храбро момче без размислување скокнало во спасувачка мисија.

Во некои од грчките летувалишта од високи бранови и силни морски струи се случуваат по неколку давања во летната сезона. Се апелира на тоа дека феноменот на брановите не треба да ги потценуваат ниту добрите пливачи, а особено да се внимава на малите деца.

 

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска