МВР

21 возач лишен од слобода за „безобѕирно управување возило“

09.09.2026 16:38

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода 21 возач поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“. Четиринаесет од нив возеле без положен возачки испит, четворица и покрај активна забрана за управување, а тројца биле под дејство на алкохол.

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 21 возач поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 14 возачи управувале возило без положен возачки испит.

Тројца возачи се лишени од слобода поради управување под дејство на алкохол, додека четворица биле затекнати како управуваат возило и покрај активна забрана.

По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, за време на изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.