Македонија

Конференција во Собранието за парламентарниот надзор и интеграцијата во ЕУ

10.09.2026 08:45

На сесијата ќе се разгледуваат стратегиите и алатките за зајакнување на улогата на парламентите во земјите од Западен Балкан во следењето на спроведувањето на реформската агенда и поврзаните процеси, со цел реформските заложби да резултираат со конкретен и транспарентен напредок.

Улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија ќе биде во фокусот на денешната конференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, која ќе се одржи во Собранието.

Конференцијата ќе започне во 9:30 часот со сесијата „Чувари на реформските процеси: Како да се зајакне парламентарниот надзор врз реформската агенда?“. На неа ќе говори директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, по што е предвидена заедничка дискусија.

На сесијата ќе се разгледуваат стратегиите и алатките за зајакнување на улогата на парламентите во земјите од Западен Балкан во следењето на спроведувањето на реформската агенда и поврзаните процеси, со цел реформските заложби да резултираат со конкретен и транспарентен напредок.

Во вториот дел од конференцијата, од 11:30 часот, ќе се одржи сесијата „Од документи за јавни политики до реалност: можни сценарија за новиот тек на процесот на проширување“, на која ќе се обрати Александар Андрија Пејовиќ.

Ќе биде даден преглед на актуелните политики и случувања во ЕУ поврзани со можните измени во методологијата за пристапување, како и нивното влијание врз идниот тек на процесот на проширување.