Тенис

Зверев без загубен сет до полуфиналето на УС Опен

10.09.2026 08:53

За Зверев ова е трето полуфинале на УС Опен во кариерата. Германецот во 2020 година стигна и до финалето, а сега ќе има нова шанса за пласман во борбата за титулата.

Александер Зверев продолжува сигурно да чекори кон титулата на УС Опен. Германецот избори пласман во полуфиналето со убедлива победа над Ботик ван де Зандшулп од 3-0, по сетови 6-2, 7-5 и 6-1.

Зверев одигра одличен меч и уште еднаш покажа дека е во сериозна форма. Германецот не му дозволи на Холанѓанецот ниту еднаш да му го одземе сервисот, а единствениот период во кој ван де Зандшулп успеа да му парира беше вториот сет.

За Зверев ова е трето полуфинале на УС Опен во кариерата. Германецот во 2020 година стигна и до финалето, а сега ќе има нова шанса за пласман во борбата за титулата.

На патот до големото финале ќе стои Карен Хачанов. Русинот има негативен биланс против Зверев, кој води со 6-3 во меѓусебните дуели, а ги доби и четирите од последните пет пресметки.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Американците Френсис Тиафо и Бен Шелтон.