Култура

Концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“ во НОБ

11.09.2026 11:19

Концертот се одржува во рамки на одбележување на 60 годишната од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

На Големата сцена во Националната опера и балет, на 15 септември, Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе го одржи традиционалниот оперски Гала-концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“.

Концертот се одржува во рамки на одбележување на 60 годишната од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Под диригентско водство на Маестра Бисера Чадловска, со почеток во 20 часот

на концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење, како и од вокалното студио на доц. м-р Бисера Чадловска.

Концерт гости се професорите на студентите по соло пеење: проф. д-р Горан Начевски; проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова и доц. м-р Иван Наумовски.