Еден ден војна

12.09.2026 17:40

Екипата на Македонската телевизија од Украина носи сведоштва за секојдневието на луѓето кои живеат во сенката на војната.

Зад вестите за ракети, напади и фронтови - милиони луѓе се обидуваат да живеат нормално во земја во војна. Екипата на Македонската телевизија беше во Украина. Марија Котовска и Ристо Мишев носат сведоштва од терен како изгледа секојдневието кога војната е дел од него.