Месеци без термин

13.09.2026 13:53

Пациентите со месеци чекаат за специјалистички преглед, додека недостигот од кадар останува еден од клучните проблеми во здравството.

„Нема термин“ - реченица што сè почесто ја слушаат пациентите во државава на кои им треба специјалистички преглед. Чекањето трае со месеци. Лекари има, но не е мал бројот и на оние што професионалната иднина ја гледаат во странство. Според експертите, зголемувањето на бројот на студенти по медицина не го решава проблемот.

Анита Димитријевска-Велковска истражуваше на оваа тема.