Закани кон премиерот

14.09.2026 14:59

Осумдневен притвор доби кумановецот кој преку Инстаграм упатил закани кон премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Осумдневен притвор доби кумановецот кој преку социјалните мрежи се закани на премиерот Христијан Мицкоски. 39-годишен жител на село Черкезе, во петокот на Инстаграм напишал коментар со заканувачка и навредлива содржина кон премиерот и неговото семејство, информираше кумановската полицијата.

„Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Д. од с. Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик“, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Премиерот Мицкоски очекува надлежните институции да преземат мерки и да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство соопшти дека лицето се јавува како извршител на други кривични дела, насилство, лихварство и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

„Согласно обезбедените докази, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавувачи, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува“, информираше ОЈО.

Од судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Елена Георгиевска