Интензивни напади
Европската заедница со осуда за акциите на Русија, откако вчера руски дрон погоди воз во близина на украинско-полската граница, во момент кога дипломатски претставници поминуваа на таа линија.

Ескалира војната во Украина. Не поминува ден без интензивни напади. Украинските сили извршија голем удар со беспилотни летала врз Сочи, откако вчера руски дрон погоди воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и високи европски безбедносни претставници поминаа оттаму. Лидерите на ЕУ со осуда за нападот.
„Јасно е дека целта е да се исплашат западните земји за да не ја поддржуваат Украина и да не патуваат таму за да покажат поддршка. Сметам дека треба да постапиме спротивно. Треба да покажеме дека сме тука и дека не се плашиме“, изјави Каја Калас – шефица за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
За нападот врз возот, од Кремљ велат дека руската војска ги извршува своите задачи.
„Ако добро разбирам, станува збор за територијата на Украина. Нашата војска ги извршува своите задачи на целата територија на Украина и ќе продолжи да го прави тоа“, изјави Дмитриј Песков – портпарол на Кремљ.
Во Финска, состанок на шефови на држави и влади на ЕУ за зајакнување на присуството на блокот на Арктикот во момент на континуирана закана од Русија од другата страна на финската граница.
Маријана Димовска
