Свет

САД потврдија дека имаат оружени системи во орбитата

15.09.2026 15:53

Американските вселенски сили велат дека станува збор за способности за „контрола на вселената“, кои можат да се користат и офанзивно и одбранбено.

САД за првпат јавно потврдија дека имаат распоредено оружени системи во орбитата.

Американските вселенски сили велат дека станува збор за способности за „контрола на вселената“, кои можат да се користат и офанзивно и одбранбено.

Вашингтон наведува дека развојот е одговор на кинеските и руските противвселенски системи.