Министерство за правда
На ЕНЕР е објавен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лобирање
15.09.2026 12:39
Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирање, се предлагаат решенија за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во процесите на креирање и спроведување на јавните политики...

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирање, се предлагаат решенија за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во процесите на креирање и спроведување на јавните политики.
Со предложените измени се:
- проширува опфатот на лобирањето на процесите на донесување, изменување, спроведување и евалуација на јавните политики;
- прецизираат правилата за застапување на јавниот интерес;
- зајакнуваат механизмите за спречување на прикриено и недозволено лобирање, вклучително и преку дигитални канали и социјални мрежи;
- воведуваат обврски за органите кај кои се лобира во однос на одговорот и остварувањето на контактите;
- унапредува транспарентноста преку објавување информации за учесниците, застапуваните интереси, иницијативите и официјалните средби;
- се зајакнува надзорот и контролата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- се предвидуваат нови и повисоки прекршочни санкции за непочитување на законските обврски.
Целта е да се создаде појасен и поефикасен систем во кој лобирањето е легитимен и транспарентен инструмент за учество во креирањето јавни политики, а истовремено се спречува прикриеното и недозволено влијание врз јавните одлуки.
