Здравје

Тиква – есенска храна богата со витамини и корисни хранливи материи

15.09.2026 11:40

Тиквата и нејзините семки се неизоставен дел од есенската и зимската исхрана. Богати се со влакна, бета-каротен, витамини А и Е, цинк и други хранливи материи кои придонесуваат за добро варење, здрав имунитет, подобар сон и здравје на очите и кожата.

Вкусна и мирислива, дел од нашата есенска и зимска кујна, тиквата ни помага не само да ја одржуваме добрата тежина, туку и да останеме здрави.

Семките од тиква се вкусни и погодни за секој здрав и диетален режим на исхрана. Во една чаша од нив се содржат околу 1,7 грама влакна, додека една чаша тиква обезбедува до 3 грама корисни влакна. Влакната се неопходни за одржување на добро варење и го намалуваат ризикот од појава на запек. Сите знаеме дека постојат храна и пијалаци кои помагаат да имаме подобар сон.

Тиквата е богата со триптофан – аминокиселина која се претвора во серотонин. Серотонинот е невротрансмитер кој ни помага да се чувствуваме подобро, да бидеме спокојни и среќни. Семките од тиква се богат извор на цинк, кој е многу важен за организмот – за зајакнување на имунитетот, клеточниот раст и делба, квалитетот на спиењето, расположението, здравјето на очите и кожата, регулирањето на инсулинот и машката сексуална функција.

Интензивната портокалова боја тиквата ја должи на големото количество бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на очите. Тиквата е богата и со два важни витамини за здравјето и убавината на кожата – витамините А и Е. Кога ја консумирате, ѝ помагате на кожата одвнатре.