МЗТ Скопје Аеродром се засили со српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ
27-годишниот бек-организатор, висок 194 сантиметри, зад себе има богато регионално и меѓународно искуство. Кариерата ја започна во белградски Партизан, со кој во 2018 година го освои Купот на Србија.
МЗТ Скопје Аеродром продолжува со формирањето на тимот за претстојната сезона, откако го ангажираше српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.
27-годишниот бек-организатор, висок 194 сантиметри, зад себе има богато регионално и меѓународно искуство. Кариерата ја започна во белградски Партизан, со кој во 2018 година го освои Купот на Србија.
Тадиќ во 2022 година со Златибор стигна до шампионската титула во АБА2-лигата. Има настапи и за Младост Земун, Слобода Ужице и унгарскиот ДЕАЦ.
Новиот член на македонскиот шампион има и репрезентативно искуство со младинските селекции на Србија. Со јуниорската репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година, а настапувал и за селекциите до 16 и до 20 години.
