Рочиште за судијата Ристов
Продолжи судскиот процес против апелациониот судија, Ѓоко Ристов. Таткото на судијата Ристов ги сокрил парите и не кажал никому – тврди сведокот кој бил на претресот

Таткото на судијата Ристов знаел за парите скриени во ѕидот, но не кажал никому зошто неговите деца не знаеле дека крие 350 илјади евра. Ова го кажа адвокатот на семејството кој бил присутен за време на претресот. Рече дека полицајците кои ги нашле парите, не воделе сметка каде ги одложуваат фолиите во кои биле смоткани. Претходно, тоа беше теза на одбраната: фолиите се контаминирале со ДНК на обвинетиот поради неправилно ракување со овие докази. Обвинителството пак тврди – исказот е некредибилен.
Сведочеше и сопственик на мобиларата во која наводно Ристов го однел телефонот на поправка, мобилен уред кој Обвинителството не го најде за време на истрагата. Но, тој вели дека никогаш не го видел обвинетиот, ниту му го сервисирал телефонот.
На Ристов му се суди за незаконско стекнување и прикривање имот. Истрага против него беше отворена откако во кујната на неговите родители, беа пронајдени 350 илјади евра вкопани во ѕид.
Анита Димитријевска Велковска
