Образование

Министерката Јаневска ќе се обрати на настанот „УЧИ, ИГРАЈ, РАСТИ“

16.09.2026 09:42

Ќе бидат претставени резултатите од проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB)...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на настанот „УЧИ, ИГРАЈ, РАСТИ“, на кој ќе бидат претставени резултатите од проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB).

Настанот ќе се одржи во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Скопје, едно од училиштата што беше рехабилитирано во рамките на проектот.