Ракомет

„Трофеј Македонија“ во Охрид – познат распоредот на натпреварите

16.09.2026 09:38

Македонија турнирот ќе го отвори на 24 септември со натпревар против Србија, кој ќе започне во 18 часот. Претходно, од 16 часот, ќе играат Хрватска и Црна Гора.

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од годинашното издание на „Трофеј Македонија“, кој од 24 до 26 септември ќе се одржи во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Покрај македонската селекција, на турнирот ќе настапат и репрезентациите на Хрватска, Црна Гора и Србија.

Македонија турнирот ќе го отвори на 24 септември со натпревар против Србија, кој ќе започне во 18 часот. Претходно, од 16 часот, ќе играат Хрватска и Црна Гора.

Вториот ден, на 25 септември, од 15:30 часот ќе се сретнат Хрватска и Србија, додека од 17:30 часот е дуелот меѓу Македонија и Црна Гора.

Последниот ден, 26 септември, ќе го отворат Србија и Црна Гора од 17 часот, а турнирот ќе заврши со натпреварот Македонија – Хрватска, кој е закажан за 19 часот.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 21 септември, по што селекцијата ќе ги одработи мини-подготовките пред настапот на турнирот.