Свет

Зеленски ја отфрли идејата за решение на војната од типот „победа за двете страни“

16.09.2026 12:41

Украинскиот претседател тврди дека руските сили во последните недели двапати се обиделе да го нападнат неговиот авион со беспилотни летала...

Полска го затвори воздушниот простор на земјата поради закани од руски дронови кои дејствуваат во соседна Украина. Украинскиот претседател тврди дека руските сили во последните недели двапати се обиделе да го нападнат неговиот авион со беспилотни летала. Зеленски ја отфрли идејата, поддржана од САД, за решение на војната со Русија од типот „победа за двете страни“.

„Да бидеме искрени, во оваа војна нема победа за двете страни. Тоа не е можно поради многуте човечки жртви. Таа престана да биде ситуација на „победа за двете страни“ уште првиот ден од војната. Најважната победа за сите – не само за Украина и Русија, туку за сите, за целиот свет – е мирот, запирањето на оваа војна“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Украина тестира ново домашно оружје за пресретнување беспилотни летала, а првиот успешен тест бил забележан во текот на ноќта, рече Зеленски. Според него, новиот украински систем успешно уништил дрон од типот „Шехед“, но потребни се дополнителни технички подобрувања пред неговата поширока употреба.