Инфраструктурата клучна за економски раст

16.09.2026 19:42

Модерна инфраструктура, поголем извоз и инвестиции во иновации - клучни предуслови за развој на македонското стопанство. На македонско-австрискиот бизнис форум порачаа дека подоброто поврзување и продлабочувањето на економската соработка треба да отворат нови можности за домашните компании.

Македонското стопанство има потреба од модернизација на инфраструктурата, подобар пласман на производите што ги извезува и на знаењето што го создава.
 
Ова е пораката од Македонско-австрискиот бизнис-форум, фокусиран на патната, железничката и енергетската инфраструктура. Од бизнис-секторот со став - извозот да отвора простор за раст на компаниите, а иновациите да ја зголемуваат вредноста на нивните производи и услуги.
 
Македонија географски е во центарот на европските коридори и тоа треба максимално да се искористи во насока на реализација на инфраструктурни проекти, кои го претставуваат крвотокот на секое стопанство, порачаа учесниците.
 
Интензивирањето на билатералната економска соработка и поврзувањето на австриските компании со македонското стопанство треба да дадат резултати на долг рок.
 
Борис Грујоски