Идризово

Продолжува судењето за деветмината полицајци во случајот „Пулс“

17.09.2026 10:17

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува процесот против девет полициски службеници од Кочани, Штип, Пробиштип и Радовиш, обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот „Пулс“. Според обвинението, тие не извршиле проверки поврзани со нарушувања на јавниот ред и мир и безбедносно-сообраќајните решенија околу дискотеката, со што, според Обвинителството, му овозможиле на сопственикот Дејан Јованов да се стекне со имотна корист.

Во скопскиот Кривичен суд продолжува процесот за деветмината полициски службеници опфатени со случајот „Пулс“. Полицајците кои се од Кочани, Штип, Пробиштип и Радовиш се обвинети за злоупотреба на службената положба, но сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар.

Според обвинението биле должни да направат проверки околу нарушувањата на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија отколку дискотеката во периодот 2022 и 2023 година, што е поврзано со барањето за добивање лиценца за работа од Министерството за економија.

Сепак обвинетите не направиле проверки, а на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов му овозможиле да заработи околу десетина илјади евра.