Street Food Picnic во Паркот на Франкофонија до 20 септември

18.09.2026 09:37

Програмата денеска започнува во 17 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела настанот ќе биде отворен од 12 часот до полноќ.

Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември е домаќин на второто издание на Street Food Picnic – тридневен настан со гастрономска понуда, музика и активности за целото семејство.

Како што информира Општина Центар, годинашното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна храна, музичка програма, како и детски работилници и креативни активности.

Програмата денеска започнува во 17 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела настанот ќе биде отворен од 12 часот до полноќ.

За гастрономската понуда ќе се погрижат девет изложувачи, меѓу кои Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos.

Предвидена е и музичка програма. Денеска ќе настапат Golemata Voda и Vaso, во сабота Shurbe, Day Off и Flooder, а во недела Dimish, Trio Zigot и Machki.

Најмладите посетители во текот на викендот ќе можат да учествуваат во детски работилници и активности на отворено.

Настанот се одржува со поддршка на Општина Центар и е отворен за сите посетители.