Град Скопје

Викендов во Скопје авионско прскање против комарци

18.09.2026 20:32

Градот Скопје соопшти дека на сабота и недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје...

Градот Скопје соопшти дека на 19.09.2026 година (сабота) и на 20.09.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.