ССКМ

Хрватска воведува едногодишни визи за македонските професионални возачи

18.09.2026 19:10

Кон транспорт без хартија и без бариери – дигитален товарен лист и поефикасни граници. На едно место бизнис-заедницата и клучните институции разговараа за конкретните чекори кон дигитализација на транспортот, воспоставување едношалтерски систем и надминување на административните бариери. Целта е помалку хартија, побрзи процедури и поконкурентен транспортен сектор.

Хрватска за неколку дена ќе почне да ги прима барањата за издавање посебни долгорочни визи во траење од една година за професионалните возачи на камиони и автобуси од Македонија. Од октомври вакви чекори ќе преземат Романија, Чешка и Грција, најави Муратовска од Здружението „Макам-транс“, откако почнаа разговори со секоја членка од Шенген-зоната.

Од Сојузот на стопанските комори очекуваат да се изнајде најдоброто решение за превозниците, но сметаат дека нови блокади на границите ќе има.

„Оваа постапка требаше да се преговара од самиот почеток кога е донесена регулацијата, меѓутоа законот мора да се почитува“, велат од Конфедерацијата на работодавачи.

Сојузот на стопанските комори го има ратификувано протоколот за електронски товарен лист и тој формално е дел од домашниот правен систем, но камионите сè уште носат куп хартија, затоа што недостига имплементација од институциите. Од Комората предлагаат законски измени, интероперабилност и едношалтерски систем.

 

Викторија Милевска